Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на Зимското првенство на САД.
Триумфот во финалето беше всушност реванш за поразот во првиот дел од шампионатот од овој тим на 29.јануари кога загубија со 4:1. Што се однесува до настапот на Ивановски тој во финалниот меч по голема борба го совлада Престон Стринс со 2:0 во сетови (75 64). Калин ја донесе и клучната победа за својот Универзитет.
Македонскиот тенисер за својот тим донесе исклучително важни поени. Во полуфиналето против Бејлор Универзитет кога со 2:1 во сетови (3-6, 6-2 и 6-3) го совлада Сомбор Велч, како и во четвртфиналето кога го совлада Роланд Де Равел од ТСУ Универзитетот со 2:1 во сетови (3-6, 6-3 и 6-3). Претходно Ивановски имаше и порази од Стринс (Охајо) и Арјан Шах (Вејк Форест) и победа против Елијах Чам од Јужна Флорида.
Инаку поразот од Стринс од Охајо (29.јануари) беше поради повреда каде Калин го предаде мечот што беше и пречка да настапи за Дејвис куп репрезентацијата на Македонија на почетокот на февруари. Покрај сингл мечевите Ивановски имаше настапи и во конкуренција на двојки каде настапуваше со Абел Форже.
Ова за неговиот Универзитет е прва титула откако претходното финале пред две години го загубија. За Ивановски ова беше дебитански настап за Тексас Универзитетот. Тој за својот Универзитет ќе настапува до крајот на натпреварите во САД (завршуваат во месец мај), а потоа ќе има можност да настапува и на турнири од АТП и ИТФ серијата.
МИА
Ново на Сител
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
