Македонија
3. July 2018 - 16:20

Каменос се заканува за договорот за името - Коѕијас вели имаат мнозинство во парламентот

За договорот од Преспа мора да одлучи народот на избори или преку рефрендум, ако тој не ја добие поддршката од 180 пратеници во грчкиот парламент, со ваков став коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос излезе на вонредна прес конференција. Актуелниот министер за одбрана во грчката Влада тврди дека договорот е лош и тој ќе се обиде да го блокира, а без ратификација во Атина тој нема никаква обврскла за неговата земја.  Каменос посочува дека Скопје без ратификуван договорот нема никаква иднина во НАТО.

-Ако договорот дојде за ратификација  со 151 пратеник ќе се повлечам од владата, ќе одам кај претседателот на државата и ќе му кажам дека ја повлекувам мојата поддршка за владата, земјата да оди на избори, за да одлучи грчкиот народ, рекол Каменос.

Каменос како министер за одбрана ќе биде дел од владината делегација која Грција идната недела ќе ја претставува на самитот на алијансата аво Брсиел. Заедно со него патуваат и Ципрас и Коѕијас. Шефот на грчката дипломатија пак одби да ги коментира ваквите ставови на Каменос, тврдејки дека за договорот има поддршка од мнозинството пратеници.

-Договорото е многу добар, не отстапува национален суверенитет за да се поставуваат како предуслов  180 гласови во Парламентот. Каменос ги знае овие работи и прави политички избор, рекол Коѕијас за грчкото ради ,,Сто Кокино‘‘.

Во истото интервју Никос Коѕијас велуи дека договорот не бил направен само за да се овозмо`и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, туку бидејки тоа било и национално коирсно за Грција.

Потписникот на Договорот од Преспа иод грчка страна тврди дека мнозинството граѓани во Грција по потпишувањето застанале во поддршка на договорот.