Канадска компанија ќе отвора фабрика и во зоната во Штип
Канадската компанија Магна ќе ја гради својата втора фабрика во земјава. По влезот во Струга, каде производуваат ретвровизори за автомобилските брендови, годинава одлучија да вложат 40 милиони евра во зоната во Штип. Се очекува да отворат 600 работни места.
Проблем е кадарот, но бидејќи нудат високи плати, ќе им ги земат на оние кои не даваат толку висок плати, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ
Во новата фабрика Магна Мехатроникс, ќе се произведува електроника и механички компоненти за автомобилите. Со тест производство почнуваат оваа , а веќе првата половина од следната година и со сериско. Магна работат на 5 континетни во 28 држави и вработуиваат 170 илјади лица.
-Вака се создаваат просперитетни услови во државата, не со зборови, не со политички пораки, не со надмудрување, туку со многу работа, решителни одлуки и визија. Нема поголем влог во државата од тоа младиот кадар своето знаење и труд да го инвестира во сопствената земја и да биде движечка сила за напредокот на државата. Таа можност им ја должиме на младите генерации и по секоја цена ќе ја оствариме. Нашите граѓани заслужуваат европски услови за работа и европски плати,изјави Димитар Ковачевски, премиер
Инаку минатата година била успешна за фирмите кои работата во зоните, задоволен е Деспотовски. Извозот надминал 3,7 милијарди евра, додека увозот 3, 4 милијарди евра, што значи близу 400 милиони евра останале во македонската економија. Компаниите го зголемиле и бројот на вработени или за една година бројката надминала 2,300 ново вработени, со што вкупниот број достигна близу 17,000 лица. Но од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека земјава е на дното по странски инвестиции . Недостасува стратегија за привлекување нови инвестиции, а голем дел од најавените – воопшто не се реализирале. Главни виновници за лошите бројки, според опозицијата се Ковачевски и Деспотовски, кои не само што не привлекуваат нови туку и не се грижат за постојните инвеститори.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
