Македонија
3. April 2026 - 13:55

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест

Кардиолошкиот центар во Охрид за првпат во земјата ја воведе новата метода за третман на периферна артериска болест.

Кардиологот Дејан Манчески посочи дека станува збор за значаен чекор во развојот на установата.

Во воведувањето на методата значајна улога има и меѓународната соработка, особено со Клиничкиот центар во Белград.

Директорката  на Болницата Теговска истакна дека со oваа процедура кај  пациентите се подобрува квалитетот на животот, се минимизира потребата од хируршките интервенции и се спречува инвалидитетот. 

Во текот на оваа година, новата метода ќе се примени кај седум пациенти, а се очекува бројот да расте, имајќи предвид дека охридскиот Кардиолошки центар е водечка установа во третманот на оваа болест и прима пациенти од целата држава.