Loading Video...
Кошарка
24. December 2021 - 10:41

Кари „броеше“’ до 46, Лекреси имаат повеќе порази од победи

Изминатата ноќ во која беа одиграни дури 11 натпревари во НБА лигата, мина во знакот на Стеф Кари. 
 
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс кој постигна 46 поени во победата на својата екипа над Мемфис со 113-104. За „воините“ ова беше 26-та победа со која го одржува чекорот во водечкиот тим во лигата Феникс кој има пораз помалку. 
 
„Сонцата“ од Аризона до својот 26-ти триумф стигтаа пред својата публика совладувајќи ја Оклахома со 113-101 во меч во кој домашниот кошаркар Девин Букер беше најефикасниот играч на средбата со 30 поени. 
 
И трето рангираниот тим на западот, Јута немаше проблеми, па пред домашните навивачи „џезерите“ ја победија Минесота со 128-116. 
 
Од останатите натпревари го издвојуваме поразот на ЛА Лејкрс и тоа на домашен терен во „Степс центарот“, каде „езерциите“ беа убедливо надиграни од Сан Антонио. „Спарси“ славеа со 138-110 нанесувајќи им го на „лејкерси“ четвртиот пораз во низа, а вкупно 17-ти, па сега Лејкерси имаат една победа помалку од порази.