Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест

Вработение од ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје денеска повторно протестираа блокирајќи го булеварот „Илинден“ од 10 до 12 часот поради се уште неисплатената плата за август, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.
Тој потсети дека вработените, законски, платата за август требало да ја добијат до 15 септември, но таа се уште не е исплатена.
- Од таа причина вработените одлучија повторно протестот да го изразат со блокирање на булевар „Илинден“. Доколку и во текот на денешниот ден од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје не биде исплатена платата за август за вработените во ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, вработените повторно од понеделник ќе протестират со блокада на булеварот „Илинден“. Вработените размислуваат доколку и понатаму не се најде решение за исплата на платата да го радикализираат протестот преку блокирање повеќе крстосници во Скопје, рече Кашиковски.
Според неофицијални информации, како што рече, се очекува одредена сума парични средства да бидат исплатени на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и да бидат употребени за исплата на платите на вработените во овие две фирми.
- До завршивање на протестот, до 12 часот, тие пари се уште не легнаа на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“. Доколку платата биде исплатена, од понеделник нема да има протест. За 10 до 12 дена стигнува за исплата и платата за септември и вработените се плашат дека е можно повторно до 15 да не ја добијат и платата за септември, изјави Кашиковски.
МИА
Ново на Сител
-

Унапредена дигитална алатка ќе ја следи примената на Стратегијата за реформи во јавната администрација
-

ДКСК ги повика градоначалниците да поднесат анкетен лист и покрај пробиениот рок
-

Има ли основ за зголемување на минималецот? Во понеделник ќе се бара решение прифатливо за сите
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
