Македонија
12. јуни 2017 - 16:27

„Катимерини“: „Жешко лето‘‘ за Грција за членството на Македонија во НАТО

Само конечно решение за името ќе биде прифатливо за официјална Атина како можност за прием на Македонија во меѓународните организации, тврдат високи дипломатски претставници за грчка То Вима. По се погласните ставови за можен прием на Македонија во НАТО под привременото име се крева гласот во Атина. Грчките медиуми во најавата за официјалната посета на Димитров пишуваат дека нема поинаков начин освен решение на спорот за отворање на вратите кон патот за целосна евро-атлантска интеграција.

-Високи дипломатски претсавници соопштија дека Грција нема да прифати влез во НАТО со привременото име, затоа што тоа ќе биде средство за де факто наметнување на двојно име, со што во крајна линија само Грција и меѓународните организации во кои Грција има право на вето ќе го усвојат привременото име на трајна основа, и за сите други намени ќе се гарантира употребата на уставното име 'Република Македонија'“, пишува То Вима.

Но, во грчката јавност се погласно се отвора прашањето за притисоците врз Атина за прифаќање на приемот на Македонија под референцата ФИРОМ. Катимерини најавува жешко лето во таа насока, посочувајки дека главната битка ја води официјален Берлин. Неименуван извор за Катимери вели дека притисокот на Берлин врз Атина веќе станува ,,задушувачки‘‘ во намерата што побргу да се овозможи прием на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-Дипломатски извори проценуваат дека Атина очекува ескалација на притисоци, можеби дури и во текот на летото и, секако, пред Германија „длабоко“ да влезе во изборен период. Она што ја плаши Атина е формулацијата на предлогот за пристапување на ПЈРМ во Северноатлантската алијанса со привременото име (ФИРОМ), со обврска за промена која ќе ја обезбеди договор меѓу Грција и Скопје кој би се постигнал за извесно време. За Атина таков развој е непожелен, затоа што се проценува дека во време кога повеќе земји од НАТО веќе ја признаваат земјата под уставното име ('Република Македонија'), тогаш едноставно нерешеното прашање со Грција ќе трае до бесконечност“, пишува Катимерини.

Катимерини во текстот оценува дека притисокот на земјите од Западна Европа доаѓаат како одговор на напорите кои ги направиле Заев и Ахмети за враќање на политичката и етничка стабилност во земјата. 

Весникот оценува дека и постапките на новиот шеф на дипломатијата во Македонија одат во насока на испракање порака за подобрување на климата во односирте помеѓу двете земји, по експресното прифаќање на поканата од Коѕијас за посета на Атина. Катимерини пишува дека притисокот ќе се однесува и на преговорите со ЕУ но во таа насока патот е полесен за Грција со оглед на потребата од напредок во реализацијата на потребните реформи во еконијата, јавната администрација и останатите обвласти заклучува весникот.