Македонија
18. February 2023 - 20:24

Кавадарчанец му дал пари на мајстор пред да сработи, оттогаш ниту го видел ниту го чул

Кавадарчанец му дал 16.000 денари на лажен мајстор, оттогаш ниту го видел ниту го чул.

- На 17.02.2023 во ОВР Кавадарци, 53-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари, информираат од МВР.

Според пријавеното во МВР, лицето го побарало на телефон и се договориле да му изврши градежни работи на куќа во кочанско село, набргу лицето повторно му се јавило и побарало од него на такси возач да ги даде парите за да врати долг на лице во Чашка, а кога ќе се сретнат ќе му ги врател, откако ги дал парите лицето повеќе не му се јавувало, по што сфатил дека е измамен, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.