Македонија
18. September 2025 - 13:33

Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче

Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 19:20 часот во ОВР - Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче - домашен миленик на И.М., на возраст од 62 години од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес. 

Пушката била одземена и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

МИА