Спорт плус
3. јуни 2026 - 14:28

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад

Кик-бокс клубот „Шампион“ имаше успешен настап на Балканското WAKO Кик Бокс првенство кое се одржа во Нови Сад, Србија, како дел од македонската репрезентација.

Клубот настапи со 12 натпреварувачи и освои вкупно 11 медали – 3 златни, 7 сребрени и 2 бронзени, со што значително придонесе за успехот на националниот тим.

Златни медали освоија Максим Митровски, Томи Андонов и Туркер Исмаили. Сребрени медали освоија Лука Кипровски, Милан Нешевски, Иван Кукуновски, Ина Цакончевска, Ибрахим Амеди, Горјана Николоска и Сергеј Ушлиновски, додека со бронза се закитија Халдун Ахмед и Адис Камберовски.

Од клубот истакнуваат дека следи период на опоравување по интензивните настапи и повреди, по што продолжуваат подготовките за претстојните квалификациски натпревари за избор во репрезентацијата за Светското јуниорско и Европското сениорско првенство до крајот на годината.