КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово

Мисијата КФОР во Косово соопшти синоќа дека го засилила своето присуство и патроли ширум јужната покраина, како дел од редовните обуки на единиците на КФОР.
„Ова ја покажува подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани што би можеле да влијаат на безбедноста низ Косово и регионалната стабилност“, се наведува во соопштението.
КФОР додава дека преку агилен и флексибилен пристап продолжува целосно да го спроведува својот долгогодишен мандат заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, придонесувајќи за безбедна средина за сите жители на Косово и за слободата на движење, непристрасно и во секое време, во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамки на нивните безбедносни надлежности.
„Нашата мисија продолжува да ги интегрира своите активности со напорите на пошироката меѓународна заедница, вклучително и поддршката на дијалогот меѓу Белград и Приштина, во кој посредува Европската унија“, наведува КФОР.
Се посочува дека командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, е во редовен контакт со своите колеги – претставниците на безбедносните организации на привремените приштински институции, со шефот на Еулекс и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
