Ким Џонг-ун најави дополнително јакнење на воените капацитети на Северна Кореја

Северна Кореја планира до крајот на годината да распореди нова артилерија, односно самоодни хаубици, долж границата со Јужна Кореја, објави денеска севернокорејската агенција КЦНА.
Според агенцијата, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун посети фабрика за муниција и изврши увид во производството на нов тип самоодна хаубица од 155 милиметри, наменета за единиците на далекуметната артилерија распоредени долж јужната граница на земјата, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.
Државните медиуми наведуваат дека новото оружје има дострел поголем од 60 километри, што би значело дека Сеул може да се најде во дострелот на севернокорејската артилерија од пограничните позиции. КЦНА пренесе и дека Ким повикал на дополнително јакнење на воените капацитети на земјата во текот на 2026 година.
Во одделен извештај, агенцијата наведе дека Ким го посетил разурнувачот „Чое Хјон“ од 5.000 тони за да ги надгледува пробните маневарски тестирања пред неговото ставање во оперативна употреба.
Ново на Сител
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
