Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави денеска кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг.
На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање.
„Светот во моментов се соочува со последиците од едностраноста и принудните политики, кои претставуваат сериозни предизвици за глобалната здравствена безбедност… Мултилатералниот пристап е сигурен начин за справување со тешкотиите“, им рече Гуожонг на делегатите.
Претходно денеска, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека одобрениот меѓународен договор за подобрување на подготвеноста за пандемија е „победа за јавното здравје“.
Членовите на СЗО усвоија долгоочекуван правно обврзувачки договор за тоа како да се подготват за идните пандемии.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена