Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави денеска кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг.
На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање.
„Светот во моментов се соочува со последиците од едностраноста и принудните политики, кои претставуваат сериозни предизвици за глобалната здравствена безбедност… Мултилатералниот пристап е сигурен начин за справување со тешкотиите“, им рече Гуожонг на делегатите.
Претходно денеска, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека одобрениот меѓународен договор за подобрување на подготвеноста за пандемија е „победа за јавното здравје“.
Членовите на СЗО усвоија долгоочекуван правно обврзувачки договор за тоа како да се подготват за идните пандемии.
Ново на Сител
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка