Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани
Кина наскоро ќе почне со потрагата по живот надвор од Земјата и, за таа цел, штотуку ја заврши изградбата на огромниот телескоп ФАСТ („Петстотиниметарски апертурен сферичен телескоп“). Неговата изградба почна во 2011 година, а официјално беше претставен во јануари годинава.
Изградбата на телескопот чинеше 180 милиони долари.
Главниот и одговорен лидер на проектот, проф. Жанг Тонџи истакнува дека потрагата нема да ги прекинува редовните научни мисии. И, иако има некои „интересни кандидати за вонземски сигнал“, професорот смета дека не сите примени сигнали ќе доаѓаат од живо интелигентно суштество.
ФАСТ има дијаметар од 500 метри. Сместен е во областа Пингтанг, во провинцијата Гуижоу, јужна Кина, и треба да почне со барање вонземски сигнали во септември оваа година. Речиси 8.000 луѓе во круг од пет километри околу телескопот беа евакуирани (односно преселени), со цел непречено примање на сигналите.
ФАСТ го собори рекордот на телескопот Аресибо во Порто Рико, чија „чинија“ има дијаметар од близу 300 метри.
Ново на Сител
-

НБА: Победи за ЛА Лејкерс и Сан Антонио, пораз на Филаделфија
-

Лажел дека има леукемија и собрал речиси 190.000 евра донации – уапсен 20-годишник во Косово
-

Почна најголемото клиничко испитување за побрзо откривање рак на дојка со помош на вештачка интелигенција
-

Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје
-

Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени
-

Повеќе од 150 организации бараат од „Амазон“ и „Ибеј“ итно да ја запрат продажбата на играчки со ВИ
-

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје
