Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ).
Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран.
– Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза.
Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД веќе воведоа ограничувања за извоз на напредни технологии и чипови во Кина поради загриженост за нивна можна воена употреба.
И покрај санкциите, Кина продолжува да бележи напредок на пазарот на ВИ. Ли повика на поголема транспарентност, координирани иновации и надминување на бариерите во глобалната соработка.
МИА
Ново на Сител
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина