Кинези го создадоа можеби најточниот атомски часовник
Научници од Кина тврдат оти создале оптички часовник со стабилност и грешка помала од еден спрема пет квинтилиони. Тоа значи, часовникот може да се помести за само една секунда (нанапред или наназад) следните седум милијарди години.
Оптичките часовници изработени од Кинескиот универзитет за наука и технологија во Пекинг играат клучна улога во иднината којашто се обликува денес, велат упатените. И истражувачки тимови од Јапонија, САД и Германија работат на развој на атомски часовници. Најточниот часовник досега се наоѓа на американскиот Универзитет на Колорадо. Кина сега е втората земја во светот која демонстрира најточно мерење на времето, но новиот часовник може да биде и попрецизен од американскиот.
Научниците се уверени дека на овој начин може да се развијат попрецизни системи за глобално позиционирање (ГПС), меѓу другото.
На чело со Пан Џијанвеј, кинескиот истражувачки тим користел атоми на стронциум за да го направи својот оптички часовник. Истражувачите „ги ладеле“ атомите на стронциум на температура од неколку микрокелвини, а потоа ги заробиле во еднодимензионална решетка создадена со помош на вкрстени ласерски зраци. Потоа е користен ултрастабилен ласер за да ги постави атомите во движење и да се создаде стабилно и прецизно движење на часовникот. Истражувачите планираат да користат и други природни и хемиски елементи, како итербиум.
Познавачите велат дека се потребни најмалку три лаборатории за да се постигне стабилност под еден спрема пет квинтилиони и грешка помала од еден спрема два квинтилиони за да се задоволи условот за прецизен оптички дигитален часовник.
Споредбите со други часовници потврдија дека новиот часовник е стабилен, а неговата „можност за грешка“ е еден спрема 4,4 квинтилиони. Истражувачите велат дека тоа значи оти нивниот часовник ќе изгуби или добие една секунда за 7,2 милијарди години.
Ова ги задоволува и минималните критериуми потребни за иднината каде што ќе се користат оптички часовници за прецизно мерење на времето. Работата на кинеските истражувачи отворa нови начини за тестирање на основните теории на физиката, како и за проучување на гравитациските бранови и темната материја.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви
-
Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови
-
Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет
-
Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев
-
Грчката економија закрепнува, но покачувањата на цените и понатаму се еден од најголемите проблеми
-
Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј
-
Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност