Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено

Во Кипар денеска се очекуваат рекордни температури до 45 степени Целзиусови, а властите отворија центри за разладување и воведоа целосна забрана за работа на отворено во најтоплите часови од денот.
Метеоролошката служба издаде црвен код за екстремна жештина во периодот од 11 до 17 часот. Општината Никозија најави дека центрите за разладување ќе работат на 13 и 14 август од 9 до 18 часот, нудејќи климатизирани простории и освежителни пијалоци.
Властите апелираат особено кон постарите лица и хронично болните да избегнуваат директно изложување на сонце. Паралелно, прогласен е и црвен аларм за ризик од шумски пожари, со предупредување дека предизвикување пожар е кривично дело со строги казни.
Инспекцијата за труд ја продолжи забраната за работа на отворено помеѓу 11 и 17 часот во внатрешните региони и на поголема надморска височина.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
