Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
Со света литургија во црквата „Св. Ѓорѓија“ во населбата Кисела Вода, на која присуствуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес започна одбележувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода. Голем број граѓани, верници се собраа во храмот посветен на заштитникот на општината, заеднички, со молитва да го започнат празничниот ден.
Одбележувањето на денешниот Ѓурѓовден, продолжува во паркот „Македонија“, каде што дечињата од градинките „Весели цветови“ и „8 Март“ учествуваат во креативна цветна работилница. Веднаш потоа, најмладите ќе уживаат во бесплатната театарска претстава „Плашливиот лав“, во изведба на театарот „Отпишани.
Во вечерниот дел од програмата, од 19:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе биде отворена изложбата на уметникот Драган Кузмановски под наслов „Ѓурѓовденско будење“. За љубителите на филмот, вечерта е резервирана за бесплатна кино проекција на анимираниот филм „Кучиња во операта“, наменета за младите жители на општината.
-Одбележувањето на Ѓурѓовден, патрониот празник на Општина Кисела Вода, претставува значаен ден за сите нас – ден кога заеднички се навраќаме на традицијата, ги вреднуваме духовните вредности и ја истакнуваме посветеноста кон напредокот на нашата локална заедница. Св. Георгиј Победоносец, како заштитник на општината, е симбол на храброст, на верба и снага – вредности што се вградени и во нашиот општински идентитет и мисија. Во таа насока, денешната програма е внимателно осмислена за да го опфати секој граѓанин – од најмладите, преку учениците и културните работници, до сите љубители на духовноста и уметноста. Овој ден не е само симболично чествување, туку и потсетник дека со единство, посветеност и заедничка визија можеме да изградиме подобра, поквалитетна средина за живеење. Ги поканувам сите жители на Кисела Вода, како и сите скопјани, да бидат дел од прославата и да го споделиме празничниот дух во чест на нашиот патрон – Св. Ѓорѓија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Бугарија на ГП Табановце, при гранички проверки пронајдена е дрога
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10