Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата
Владата ќе прави анализа за базичната инфлација по што ќе излезе со мерки за заштита од зголемените цени на производите. Мерките, како што денеска рече премиерот Христијан Мицкоски, ќе бидат прецизни и таргетирани и објавени многу скоро.
- Не сме среќни што ова се случува, но мора да направиме детална анализа во делот на базичната инфлација бидејќи разговарав со неколку економски професори и заклучокот е дека делот од производите кои ја креираат оваа инфлација можеби во односот добавувачи - маркети не е толку зголемено, колку во базичната инфлација и во делот на инфлацијата на услуги. Ќе има мерки многу скоро кои сакаме да бидат прецизни и таргетирани. Не сакаме да бидат мерки што ќе предизвикаат стихија, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.
Како што посочи, она што првично е забележано е дека големо отскокнување има кај инфлацијата на услуги каде бројките се двоцифрени.
- Треба да видиме колкав е уделот на инфлацијата во услугите при создавање на базичната инфлација. Тука имаме отскокнување, двоцифрени бројки, рече Мицкоски.
Попластично кажано, додаде Мицкоски, ако ја вивите информацијата за земјоделските производи од пред недела-две ќе забележите дека во импутот зголемени се параметрите за два проценти, а во аутпутот за 11 проценти. - Земјоделецот го продава производот на некој кој тој производ го носи во маркет и ако тој го продава за 11 проценти повисока цена, тогаш е јасно за што зборувам, рече Мицкоски.
Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во јуни трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари