Ќе се откаже ли набавката за педијатриски вакцини за Ковид-19
Дали во Македонија воопшто ќе стигнат педијатриските вакцини против Ковид-19 наменети за малите од 5 до 11 години? Иако Владата и претходниот министер за здравство уште во декември најавија дека имунизацијата треба да почне овој месец, засега според извори на Сител не е стигната ниту една доза а не е исклучена можноста и да нема набавка поради многу слабиот интерес.
Многу мал е и опфатот на вакцинирани од 12 до 18 години. Од јули досега само 2,8 проценти од вкупниот број деца на оваа возраст примиле Фајзер. Односно прва доза 3966, втора 3766 и трета 25 тинејџери.
Македонија е далеку од европскиот просек и од процентот неопходен за колективен имунитет. Ниту половина од населението не е заштитено од вирусот и затоа здравствените власти во акција ги ставија и матичните лекари. Тие праќаат покани до нивните пациенти а преку Мој Термин им стигнуваат пораки со закажан термин за трета доза. Тоа се однесува на лицата кои се во ризичните групи со хронични заболувања, но и оние кои досега воопшто не ги посетиле пунктовите за вакцинација.
Инаку, истражувањето што го направила Меѓународната асоцијација Галуп во 45 земји меѓу кои и Македонија, покажува дека 49 проценти од македонските граѓани веруваат во ефикасноста на вакцините додека пак 60 проценти сметат дека заканата од Ковид-19 е претерана.
Број на вакцинирани против ковид 19 од 12-18 години
Од 12 – 18 години – 2,8% или
1 доза – 3966 деца
2 доза – 3766 деца
3 доза – 25 деца
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
