Ќерката на Моника Белучи, по манекенството, влезе во светот на глумата
Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, Дева се појави на црвениот тепих на промоцијата на ТВ-серијата „Леопард“ (Il Gattopardo) на „Нетфликс“, со своето момче – 24-годишниот италијански глумец Сол Нани. Серијата е снимена во Италија, а младиот пар во неа глумат заедно, па и овојпат, штом се појавија пред фотоапаратите, тие го украдоа целото внимание.
„Пред две години, минавме шест месеци ‘оживувајќи’ го ‘Леопард’ – не само како приказна, туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, историјата и неверојатните луѓе. Но, среде сѐ тоа, запознав некој кој стана мое сидро на ова патување…“, напиша Дева до фотографиите од неа и Сол на снимањето.
Врската ја потврдија во 2023 година со фотографија од јахта.
Дева Касел веќе го освојува и модниот свет. Неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Таа е едно од лицата на модната куќа и веќе има предводено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Во светот на манекенството влезе на 15 години, па во овие 6 години неколкупати ги красеше насловните страници на познати списанија.
Ново на Сител
-
Мицкоски на поставување камен-темелник за Дом за стари лица во Зрновци
-
Сончево и топло време, температури до 32 степена
-
Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
-
ЦУК: Локализиран пожарот во Батинци, не претставува закана за жителите и околните објекти
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала
-
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес