Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО

Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање.
- Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се најактивни, а прскањата обично се прават откако ќе престанат најголем дел од активностите на луѓето во населеното место, и тука губиме еден отсто од ефективноста на прскањата. Уште еднаш да ја уверам јавноста: сите средства се препорачани од Светска здравствена организација, нема средства што се опасни по здравјето. Такви средства што се користени во минатото одамна не се користат. Значи, во Македонија се почитуваат најновите препораки и средствата не се опасни. Граѓаните треба да ги применуваат мерките на лична заштита. Одговорно тврдам за квалитетот на средствата и нивната нештетност по луѓето, рече Клековски.
Во однос на коментарите дека не се прскало доволно, тој рече дека споредувањето на досегашното прскање покажува дека се направени во најголем дел сите потребни работи.
- Во основа, за ларвицидните третмани се користи биопрен и бактерија што влијае на развојот на ларвите. Тие се во моментот двете најмодерни средства. Бактеријата со која е извршено последното прскање за ларви во Градот Скопје е бактеријата која е препорачана од грчкиот пандан на Институт за јавно здравје како нешто што треба да се работи. Една од работите што недостига, што ја лоцираме во моментот и што ја нема во земјата, се таблети со бацили за дезинсекција на септички јами. Тоа го има во Грција, го идентификувавме, го нема во Македонија и претпоставувам дека ќе работиме на тоа тие да бидат достапни кај нас за сите граѓани може да ја применат како индивидуална мерка на заштита, земајќи во предвид дека многу приградски населени места во Скопје сѐ уште се без градска канализација, додаде Клековски.
Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје рече дека средството за прскање против комарци е загарантирано, квалитетно, тоа е германско производство и нема никакви сомнежи.
- Средството е квалитетно, начинот на растварање и дозата е препорачана според проспектот, така што од таа страна немаме никакви сомнежи. Значи, само треба да обрнеме повеќе внимание на водените површини за да не дозволиме да одлетаат комарците. Тоа е најважно, додаде Соколовска.
МИА
Ново на Сител
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
