Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница.
Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови.
- Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски.
Според него, клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.
Министерот Клековски по разговорите со раководните структури на општата болница констатира дека медицински кадар се справува со состојбата и дека ги имаат сите лекови неопходни за третман. Тој упати апел до гостиварци и сите пациенти да соработуваат со епидемиолошката служба при правењето на анкети и дополнителни анализи за да се утврди причинителот.
- Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии, Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори рече министерот Клековски.
На новинарско прашање и коментар на директорката на ЈП Комуналец дека водата не била причина за заболувањата, туку храната, министерот Клековски посочи тоа е работа на епидемиолозите.
- Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.
Тој изрази надеж дека повеќе резултати од анализите на водата од гостиварскиот водовод ќе има од понеделник.
МИА
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
