Климатските промени ги намалија приносите на мед
Климатските промени ,штетите од мечките,и увозот на ефтин мед во маркетите ги намалија приносите на мед во охридскиот регион.Пчеларите велат дека за жал немоќни се да се справат со вакавта состојба зимата имало огромни загуби на пчелни семејства. Има пчеларници кои имале од 90 до 100 посто загуби.
Мечките го јадат медот и ги уништуваат пчелните сандаци. Околу десетина пчелари побарале обешетување од државата тие поставуваат електрични огради за да се заштитат од дивечот .
Пчеларите и покрај вакавите загуби остануваат иновативни со нови производи привлечни на пазарот.
Во Охридскиот Регион има 350 пчелари .Инаку деновиве во Охрид се одржува манифестација „Пчели и мед“каде локалните пчелари го презентираатв својот мед и пчелни производи, а охриѓани и туристите дегустираат различните вкусови на охридскиот мед.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар