Климатските промени со силен удар врз земјоделството
Негативните ефекти што ги предизвикуваат климатските промени во земјоделието стануваат се поголеми. Производството се намалува, а квалитетот е се послаб. Како резултат на овие влијанија земјоделското производство на светско ниво секоја деценија бележи намалување од 6%. За да се надмине овој проблем потребна е поголема едукација на земјоделците, но и државна стратегија, сметаат од руралната коалиција кои започнаа акција за климатски паметно земјоделство.
Според професорот во средното училиште Димитар Влахов од Струмица Томе Тимов, клучен сегмент во надминувањето на проблемот претставуваат младите и нивната едукација. Смета дека тие се идните двигатели на земјоделското производство во кое треба да ги применат сите современи методи и мерки за заштита.
Климатските промени и долгиот сушен период со високи температури годинава беа едни од главните причини за намалување на земјоделското производство. Според одредени проценки само во струмичко сезонава тоа бележи намалување од околу 30%.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар