Клинт Иствуд објави крај на својата 62-годишна филмска кариера
Клинт Иствуд на својот интернет-простор објави дека се простува со својата богата филмска кариера која трае повеќе од 60 години. Глумецот има 92 години.
Легендарниот актер на Твитер напиша: „Мислам дека она – грациозно да се остари, е многу важен талент. За мене е предоцна“.
Покрај глума, тој се занимаваше и со режија и дури пет пати ја освои наградата на Американската филмска академија, Оскар.
Клинт Иствуд е на големото платно од 1959 година, но почетокот на неговата кариера не бил толку блескав. Поради договорот со „Јуниверзал“, според кој имал ниски примања, тогаш младиот глумец морал да се занимава и со други работи… Па, бил пожарникар, продавач и спасител на плажа.
Почнал да глуми во каубојски филмови, бидејќи на продуцентите им изгледал како каубоец. Така, се памети славната трилогија „Грст долари“ од 1960-тите, но и неговата улога како детективот „Валканиот Хари“ потоа.
За време на неговата кариера, тој честопати се обидуваше да се занимава со политика и го поддржуваше Доналд Трамп во неговата трка за Белата куќа. Во 1986 година, тој се кандидираше за градоначалник на малиот град Кармел-Бај-Д-Си во Калифорнија и победи. Негов најголем успех беше укинувањето на забраната за продажба на сладолед во градот по долго постоење на тој бизарен закон.
За време на неговата кариера, тој беше еден од најплатените глумци во Холивуд, а беше и подеднакво успешен и како режисер.
Најголемиот успех, сепак, му беше оној во 2004 година, кога доби четири од седум номинации за Оскар за филмот „Девојка од милион долари“. Тој во тоа време имаше 74 години и стана највозсрасната личност досега, која освоила Оскар за најдобра режија. Иствуд, инаку, беше пребирлив при изборот на улоги и одбиваше големи филмови, како оние за Супермен и Џејмс Бонд.
Неговиот последен филм е годинашниот „Нежниот Мачо“ (Cry Macho), од жанрот „нео-вестерн“, со приказна сместена во Тексас (САД), 1970-тите. Клинт Иствуд глуми, го режира и продуцира филмот, а прикажувањето е закажано за 17 септември оваа 2021 година.
Ново на Сител
-

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
-

МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
-

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО
-

Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
