Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.
- Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 проценти решена. Сите граѓани се целосно исплатени од страна на Градот. Денес сме во фаза кога 75 проценти се реализирани од клучката и, како што ветив, до Нова година овој потег ќе биде целосно завршен. Станува збор за комлексен проект кој има два километра потпорни ѕидови, пешачки и велосипедки патеки. Се работи на пет мотови, последните се во финална фаза, информира Ѓорѓиевски.
Тој напомена дека до Нова Година ќе бидат завршени уште два проекта: мостот на реката Серава кој се проширува и мостот на Љубљанска.
Како што истакна градоначалникот, сериозно се работи и на булеварот „Борис Тракјјкосвски“, а во август ќе почнат работите и на мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром.
-Владата и премиерот се наша силна поддршка, не само за Скопје и за мене, туку за сите скопјани, 60 милиони денари обезбеди Владата за клучката кај Момин Поток. Ова е едно од ремек делата кои ќе ги завршиме, потенцира Ѓорѓиевски.
Според премиерот Мицкоски, Владата ќе продолжи да ги поддржува општините.
- За овие неколку месеци се направија големи исчекори на проекти кои беа заглавени. Се гледа огромен напредок откако е Орце градоначалник. До Нова Година три проекти се очекува да бидат завршени. Градот Скопје од Владата треба да добие до Нова Година камиони, цистерни и метларки, тендерот е завршен, кон крајот на август ќе може да се промовира и таа опрема. Таква опрема ќе добијат и уште неколку поголеми општини. Сега е процесот на жалби, очекувам да заврши и да се добијат новите електрични автобуси во Скопје и во други општини. Се интензивираат активностите и проектите и се она што е ветено. Не може преку ноќ да го поправиме она што е со децении е уништувано, но, со погетена работа и невозможните работи стануваат возможни, подвлече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
