Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп

Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери.
САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа.
Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од претставници на Демократската партија, побараа од Судот за меѓународна трговија на САД да ги стопира царините, истите да ги прогласи за незаконски и да нареди враќање на веќе платените давачки.
Јавната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема овластување да воведува сеопфатни царини.
„Откако загуби пред Врховниот суд, федералната администрација повторно се обидува да ги зголеми даноците за семејствата и бизнисите со уште една рунда незаконски царини“, напиша таа на платформата „Икс“.
Јавниот обвинител на Орегон, Ден Рејфилд, предупреди дека царините ќе ги зголемат трошоците за основни производи во земјата, како што се облеката и електрониката.
„Повторно, претседателот ги зголемува трошоците за секојдневните производи за семејствата и малите бизниси во Орегон, а ние повторно предводиме коалиција од повеќе држави што се обидува да го спречи тоа“, напиша тој.
Од почетокот на својот втор мандат во јануари 2025 година, Трамп без одобрение на Конгресот воведе увозни давачки за стоки од десетици трговски партнери.
Во февруари, Врховниот суд го спречи Трамп да воведува царини со извршна наредба.
Сепак, администрацијата на Трамп искористи одредба од трговскиот закон од 1974 година што дозволува воведување царини за справување со „нефер странски практики“ што влијаат врз американската трговија.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
