„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија

Во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска со почеток во 13:30 часот, ќе се одржи настанот „Кочани ви благодари“, посветен на изразување почит и благодарност до сите што помогнаа во лекувањето и заздравувањето на повредените во трагичниот пожар.
На настанот ќе бидат доделени благодарници на медицински установи, екипи и поединци од државата и од странство, кои со својата стручност, пожртвуваност и хуманост дадоа значаен придонес во грижата за повредените по трагедијата.
Ги повикуваме граѓаните што сакаат да покажат почит кон исцелителите на над 200 младинци, да го проследат настанот кој на видеобим ќе може да се следи и однадвор, во Градскиот парк во Кочани, се наведува во соопштението од Општината.
Во културно-уметничкиот дел ќе настапат наши врвни уметници: Игор Дурловски, Јована Зајкова, Бобан Русески, Зарина Првасевда, ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“...
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
