Коен: Бојкотот на изборите не е во интерес ниту на САД, ЕУ, ниту на Македонија
Нови скандалозни изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев во вчерашното интервју за 24 вести. Заев јавно го поддржа грчкиот предлог за име на Република Макеоднија за меѓународна употреба и потврди дека Груевски немал никаков договор за промена на името.
-Но решение постои во делот на меѓународната употреба, само треба активитет од страна на македонската страна и кога почнаа сомневањата, опозицијата јас ја водам, ги викнав и Орав и Бејли, ги прашав. Ако има нешто договорено под маса, океј терајте со човекот, но чесно е да ни кажете. Одговорите беа негативни, рече Заев на 24 Вести.
Заев вчеравечер и јавно призна дека давал насоки за насилни протести, кои завршија со каменување на полицијата и народната канцеларија на претседателот Иванов, демолирани медиуми и повредени новинари, а целосно осквернавена беше и порта Македонија.
-Дадов насоки. Скопје прекрасно. Скопје е излезено цело денеска, нема никој од внатрешноста освен некој ако не запалил автомобил да дојде. Тоа е тоа во Скопје и тоа е убаво и бројките се 7-9 илјади, рече Заев.
Заев со гордост зборуваше и за работата на својот ментор и поранешен претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. Според него, одлуките кои Црвенковски ги носеше своевремено се мудри и Македонија ја однеле во вистинска насока.
-Респект кон претседателот Црвенковски, тоа е човек кој што испиша убава историја во Македонија и донесе одлуки во времето негово како што знаеше најмудро, рече лидерот на СДСМ синоќа на гостувањето на 24 вести.
За разлика од Заев, јавноста Црвенковски го памети како човек кој направи огромна штета врз граѓаните и јавноста. Промената на знамето и уставното име, мрачната приватизација на над 460 фирми во која на улица остави 200.000 работници, низа неразјаснети убиства и самоубиства, територијалната поделбасомнително доделени повеќе од 120 000 државјанства, шверц со нафта се само дел од одлуките во времето на Црвенковски кои според Заев се дел од убавата историја на Македонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
