Балкан
9. May 2023 - 13:24

Кога излегува и какви се реакциите се единствените прашања на Коста К. на Клиниката

Седмоооделенецот Коста Кецмановиќ кој со пиштолот на татко му уби осум школски другари и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога да излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.

Kaко што пишува Blic, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

„Нема барање, не прашал ни за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин“, вели изворот на Blic.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот наведува дека тоа размислува и се однесува како да е прашање на време кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

Го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.

Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции има. Што се случува надвор - тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат“, објаснува соговорникот за Blic.

Како што дознава порталот, седмоодделенецот не добива ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.

Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.

Престанал да ги убива пријателите иако имал уште два шаржера, односно 34 куршуми.

Како што пишува Blic, тој прекинал бидејќи почувствувал дека останува без здив.

Во сета своја жестокост, децата што преживеале биле спасени поради нападот на паника што Коста го имал во еден момент. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција.

Невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од VII одделение влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко. Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа продолжил со маршот низ училишната сала до кабинетот за историја. Таму убил пет свои врсници, ранил еден наставник и уште шест ученици.