Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
Македонија подготвена за укинување на роамингот во Унијата, се чека Брисел да даде зелено светло. Преговорите за бесплатни разговори како дома, за граѓаните кога патуваат во земјите членки на Унијата, почнуваат утре. Поранешниот директор на АЕК вели дека во целост се завршени измените кои ги бараше Комисјата, се чека уште да се изгласааат во Собранието. После тоа, се ќе зависи од вољата на Брисел.
-Ние од многу одамна бевме лидери во регионот и во овој момент сме во најнапредна фаза. Изменети се 4те закони, поминати на Влада, сега се чека на Брисел. Желба имаме уште од многу одамна, но дури сега има позитивни сигнали. Реално, ние сме во фаза на подготвено чекање од Брисел тоа да биде спроведено, изјави Сашо Димитријоски, претседател на Бордот на директори на Телеком.
Ако преговорите завршат успешно, македонците, но и граѓаните од Западен Балкан, ќе можат да се јавуваат, да исплаќаат СМС пораки и да користат интернет во Европа по цени како дома. Најреалното сценарио е роамингот да се укине до крајот на годината.
-Кога Брисел ќе даде зелено светло, можно е и пред летото, но сепак мислам дека до крајот на годината ќе се укине, додава Димитријоски.
И министерот за дигитална трансформација очекува роамингот како дома да стане реалност што е можно побрзо, иако процесот вели дека ќе зависи од динамиката на преговори на ниво на Унијата. Брисел ќе склучува договори со секоја земја поединечно и од неа ќе очекува да ги почитува евроспките стандардите за роаминг.
Меѓу нив и обврската на операторорите на потрошувачите да имат дадат ист квалитет и брзина на интернет како дома, и бесплатно контактирањето на службите за итни случаи.
Инаку Евроспката Унија за своите членки го укина роамнигот во 2017 та година.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
