Кои се причините за поплавата - дали вчерашната непогода беше реткост?
Вчерашното невреме во Скопје не беше неочекуван феномен или ретка појава туку локални краткотрајни дождови кои се повторуваат на 5 години. Хидрологот Атанас Угрински од УХМР вели дека со вчерашните врнежи воопшто не биле засегнати речните сливови и немало зголемување на водостојот на реките. Ветрот и градот како и немањето на доволно зелени површини во градот кои би ја впиле водата се дел од причините за создавање на водните базени на повеќе улици во метрополата, објаснуваат експерти.
- Според мерните станици во Гази Баба имавме 35 литри, односно 20 литри на еден час и ваков интензитет на дожд се јавува на 5 години и тоа не е така ретка појава. Вчерашните дождови беа проследени со ветер и град и тоа дополнително придонесе до затнување на атмосверските канализации, вели Атанас Угрински хидролог во УХМР.
Од УХМР велат дека секојдневно, понекогаш и неколку пати во денот доставуваат информации до сите релевантни институции за временската состојба и најави за дестабилизација. Вчерашните 35 литри во одредени скопски региони беа причина за поплавени улици и домови. Што би значеле во главниот град интензитет на врнежи и со повеќе од 50 литри?
-Ова вчера ни од далеку не можеме да ги споредиме со она што се случи во 2016 година во Стајковци ниту според количина, ниту според интензитет, вели Угрински.
Според најавите од УХМР, нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи ќе има до петок. Ова стои како метео предупредување на веб стреанта на Управата за хидрометеоролошки работи.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
