Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа

Медиумите во САД, повикувајќи се на извори од истрагата, откриваат детали за идентитетот на човекот кој синоќа упадна низ безбедносната проверка на гала вечерата на претседателот Доналд Трамп со дописниците од Белата куќа, принудувајќи ги да се евакуирата поради пукотниците.
Неколку американски медиуми објавија дека осомничениот е 31-годишник од јужна Калифорнија, идентификуван како Кол Томас Ален. koj признаl дека мета му биле американските политичари. Работел како наставник и креатор на видео игри, според неговиот профил на LinkedIn. Дипломитрал на Калифорнискиот институт за технологија во 2017 година и магистрирал на Калифорнискиот државен универзитет во 2025 година.
По инидентот, ФБИ го претресе домот на осомничениот во Торанс, југозападно предградие на Лос Анџелес.
Полицијата верува, врз основа на првичната проценка, дека осомничениот дејствувал сам. Се претпоставува дека престојувал како гостин во хотелот Хилтон каде што се одржа вечерата.
Вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш изјави за телевизијата NBC дека прелиминарните наоди укажуваат дека осомничениот ги таргетирал службениците на администрацијата, но оти мотивот сè утврдува.
За време на нападот, тој носел пушка, пиштол и неколку ножеви, соопшти полицијата.
Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека еден полицаец е погоден од блиску, како што наведе, со „моќен пиштол“, но бил спасен од панцирот што го носел.
Осомничениот напаѓач треба да се појави на суд во понеделник. Тој ќе биде обвинет за употреба на огнено оружје и кривично дело насилство и за напад врз федерален службеник со опасно оружје. Можни се и дополнителни обвиненија.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
