Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија.
„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.
Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати.
Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.
Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години.
„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот.
Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
