Македонија
5. September 2022 - 16:46

Компаниите бараат поевтина струја, државата размислува за зголемување на домашното производство

Расте интересот за огревно дрво. Се бара кубик повеќе. Високата цена на струјата и можните рестикции, го зголемија стравот кај граѓаните да не останат со ладни домови пред престојната зима. Иако цената на кубик дрва е зголемена за 20%, во моментов на греењето со овој енергенс се гледа како најисплатлива инвестиција.

Ако до лани едно домаќинство купуваше  6,7 кубика дрва, сега истите бараат 12,13 кубика. Очекувам дека ќе ги задоволиме потребите на сите граѓани. Неминовно беше и зголемување на цената за 20%, однсно од 2,500 на 3,000 денари за кубик, изјави Владимир Груевски, директор на Македонски Шуми.

Субвенционирање на цената на струјата за бизнисот и јавните институции, бара КСС. Во спротивно- неминовно ќе биде отпуштање на вработените и пораст на цената  на услугите кои јавните инстутуции ги даваат

Цената на електричната енергија за домаќинставата и малите фирми веќе е субвенционирана., вели премирот. Не може да ги помага и големите компании, затоа што нема толку пари во буџетот.,   

Најавите се дека цената последниот квартал ќе достигне 1,000 евра за мегаватна светските берзи. Индустријата бара да плаќа 300 , 400 евра. : Може ли да замислите колкаво оптоварување би било за буџетот, ако само за мегават државата покрива по 600, 700 евра? . Тешко дека било која држава може да го издржи товарот, изјави Димитар Ковачевски, премиер

За да се обезбедат доволни количини електрична енергија – Се ангажираат сите домашни капацитети, вели премиерот. ЕСМ треба да го зголеми производството за 25%, а се прават напори и ТЕТО да работи без прекин. Од КСС пак предлагаат – За да заштедат државните институции – Работното врема да биде од 9 до 15 часот, кога има доволно дневна светлина.