Компјутерите на праг да ги препознаваат човечките емоции

Постои едно подрачје во кое компјутерите не го надминаа човечкиот мозок: емотивната интелигенција. Меѓутоа, компјутерите можат да препознаат човечки емоции според начинот на кој се пишува на тастатурата – тоа е концепт наречен сингуларност т.е. the singularity.
Во новата студија, пишува Live science, истражувачите прашале мала група на луѓе да запишат текст со седум емотивни состојби: радост, страв, гнев, тага, гадење, срам, вина.
- Ако можеме да изработиме кој било систем доволно интелигентен за интеракција со луѓето кои вклучуваат емоции, т.е.може да ги детектира емоциите и да го променат своето однесување во согласност со тоа, тогаш користењето на компјутерите би било многу поефективно и попријателски – велат истражувачите од Исламскиот Универзитет за технологија во Бангладеш.
Истражувачите забележале дека системите кои детектираат чувства можат да се користат во апликации како онлајн учење. Онлајн системот за учење со емоционална интелигенција може да го менува својот изглед, стил на подучување или контекстот на лекциите, па така подобро да се прилагоди кон емотивната состојба на ученикот.
Овој систем може да биде важна алатка за онлајн консултации меѓу лекарите. На пример, во некои култури каде онлајн консултациите посебно се популарни, психолозите би можеле да ја оценат состојбата на пациентот и ако лицето не комуницира со нив вербално.
Ново на Сител
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
