Македонија
8. April 2026 - 12:31

Конфликтите го менуваат туризмот

Конфликтите го менуваат туризмот. Поради случувањата на Блискиот Исток се поголем број туристи бираат побезбедна и постабилна дестинација за патување. Охрид треба да се прилагодува кон побарувачката која е разновидна.

Откажувањата во делови од Блискиот Исток и источниот Медитеран го пренасочуваат интересот кон Европа, а Балканот и земјава може да зебележат пораст на туристи.

Според добрите познавачи ценовната политика треба да се усогласи со состојбите кои се на внатрешен и надворешен план.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика во јануари годинава има пораст од 6, 2 проценти во споредба со истот месец минатата година.