Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски се огласи преку својата Фејсбук страница во врска со сообраќен прекршок, демантирајќи ги објавите на социјалните мрежи дека се поставил над законот, посочувајќи дека казната ја платил веднаш.
-Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви. Да, направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам, наведува Коњановски.
Истакнува дека верува во ред, одговорност и еднаквост пред законот.
-Токму затоа, казната за сторениот сообраќаен прекршок ја платив веднаш, без двоумење. Секој од нас треба да биде пример, коректор на себе, а потоа и пример за другите. Не се кријам, не се оправдувам и не барам никаква привилегираност. Во животот никој не е безгрешен, но чесноста, праведноста и коректноста, секогаш мора да бидат патиштата по кои ќе избереме да се движиме, посочува Коњановски во објавата.
Градоначалникот на Битола во објавата на Фексбук приложи и фото од казната за сообраќајниот прекршок.
Ново на Сител
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
-
Собранието ќе одржи продолженија на три седници
-
Сончево и многу топло, до 42 степена
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина