Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.
Во известувањето до УО на М-НАВ, како што денеска информираа за МИА од Синдикатот, се наведува дека состојбата во М-НАВ е влошена, како резултат на сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани процеси за јавни набавки, неуспешна транзиција на нови технички системи, прекршување на одредби од Колективниот договор, тајни и неосновани измени во систематизацијата, отворање несуштински работни позиции и прераспоредувања без запазување на актите на друштвото до раководството, како и непочитување на точки од Спогодбата помеѓу М-НАВ и ССКЛ од 13.07.2023 која беше основа за ставање на штрајкот во мирување.
Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.
Според Синдикатот, во услови кога се бележи рекорден пораст на авионски прелети, застарениот технички систем е во критична состојба и може секој момент да откаже, има недостиг од инженерски кадар и поради тоа, велат, не се реализираат проектите требаше одамна да бидат завршени. Исто така, посочуават, има недостиг од контролори на летање кои во корелација со нов систем кој раководството не успеало да го стави во функција би можеле да го подигнат капацитетот на опслужени воздухоплови и до 50 проценти. Синдикатот реагира и дека не е реализиран ниту еден инфраструктурен проект, се уште не е изработена функционалната аанализа на компанијата со која би се ставила на стабилна основа за понатамошно долгогодишно функционирање и оти повеќе од девет месеци нема ангажирана агенција за обезбедувањево услови кога се бележи рекорден пораст на авионските прелети.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот