Македонија
4. January 2021 - 16:43

Координација на преговарачкиот тим пред новата рунда разговори со Бугарија

Политичките чинители вклучени во разговорите со Софија на координација на првиот работен ден годинава ќе утврдуваат како државата ќе продолжи со комуникацијата со Бугарија за отворените прашања, открваат премиерот Заев и шефот на дипломатијата Османи. 

Софија, како што информира Османи, пак, се уште нема нема одговорено на нон-пејперот што Македонија пред Нова година го испрати како свој придонес во решавањето на проблемот. На почетокот на годинава очекува и средба со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, а во меѓувреме има и големи очекувања од португалското претседателство со ЕУ. 

Во надминувањето на отворените прашања Османи вели дека ќе помогнат и инцијативите што МНР ги почнува овие денови. Првата инцијатива е Преспа форум дијалог, платформа за надминување на конфликти која ќе се темели врз искуствата на Македонија со Рамковниот договор, спогодобата од Преспа и Договорот за добрососедството со Бугарија. 

Османи пак, вчера ја промовираше и Инцијативата 8, за регионална соработка меѓу Албанија, Македонија и Бугарија, особено во делот на инфраструктурата поврзана со коридорот 8.