Кордалов: Дигитализацијата не се спроведува со стратегии на хартија – еве конкретни предлози
Дигитализацијата не можеме да ја спроведеме со константно носење на стратегија и разни планови на хартија. Потребно е да се засукаат работите и суштински да се работи, вели за Детектор комуникологот и Претседател на ИДУЕП Бојан Кордалов. Тој на надлежните им даде серија конкретни предлози со кои може значително да се засили процесот на дигитализација.
„Еве јас ќе ви набројам три конкретни работи кои може уште од утре да се направат. Под 1, стимулација за граѓаните и компаниите. Веќе дадовме таква инцијатива пред 2 години. Иницијатива со која сите онлајн услуги ќе станат 90% поевтини во период од 1 година. Тоа ќе значи дека секој човек, секоја компанија ќе пројде низ тој процес. Ќе се зајакне довербата во процесот, дигитализација ќе се намали стравот и утре кога ќе се вратат редовните цени вие ќе сфатите низ пракса дека нема потреба да одите на шалтер и да губите време, едноставно одите со еден клик. Од друга страна вршите притисок врз администрацијата да биде изложена и да ги спроведува услугите.
Под број два повеќе поврат на средства од апликацијата Мој ДДВ во ситуација кога вие пазарите онлајн. Значи стимулирајте некој процент плус за луѓето да почнат да го прават тоа. Не се губат работни места, ќе се отворат нови.
Доставувачи, луѓе што ќе сортираат, работните мета се тука, само се реорганизира процесот.
Стимулација за администрација. Значи не само притисок. Секој година слушаме дека има потреба од зголемување на платите .Во ред е но од друга страна треба и сервис за граѓаните. Владата треба веднаш да каже, онаа институција која целосно ќе ги дигитализира услугите кон граѓаните во истиот момент кога тоа ќе го направи ќе добијат сите вработени 10% покачување на платата. “ – предлага Кордалов.
Ново на Сител
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност
-

Ги убивал за да ги задоволува половите страсти спрема мртви тела, детали од обвинението за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во постапката за проневера во ФФМ
-

АИ и кибер-одбраната во фокус на „Skopje Security Conference 2026“
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
