Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија

Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека е лага дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас во Србија.
– Наместо тоа, ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ – рече таа.
Зборувајќи за жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад, Кос рече дека „тој момент на тага нè трогна сите нас, а особено ја трогна Србија“.
„Трагедијата и нејзините последици дополнително ја продлабочија поларизацијата на општеството во Србија. Во изминатите 11 месеци, студентите и граѓаните протестираат во градовите и селата и бараат одговорност. Корупцијата и неодговорноста се двата главни предизвикувачи на протестите, тие исто така претставуваат мотив за незадоволство поради недостатокот на демократија, попречувањето на медиумите и неказнивоста на политичарите“, истакна таа, пренесоа српските медиуми.
Како што изјави, ЕК ја следи оваа ситуација.
Таа истакна дека за време на протестите, полицијата претежно го почитувала правото на собирање, но неодамна имало инциденти на насилство врз студенти, мирни демонстранти и новинари, како и несоодветна употреба на сила.
– Очекуваме одговорот на полицијата да биде пропорционален и дека основните права ќе бидат почитувани. ЕУ очекува истрагата на овие случаи да биде приоритет, а исто така ги осудуваме сите акти на омраза, вандализам и насилство од страна на демонстрантите и продолжуваме да ги повикуваме двете страни на деескалација на тензиите – изјави таа.
Таа, исто така, потсети дека очекуваат Србија, како земја-кандидат за членство во ЕУ, да ги почитува клучните вредности што се темели на Унијата, имено – слободата на собирање, медиумската и академската слобода – клучните елементи на пристапувањето на Србија и тие треба да се почитуваат.
Таа го поздрави напредокот во однос на донесувањето на законот за избирачкиот список и РЕМ и додаде дека е потребно да се спроведат препораките на ОДИХР со цел да се обезбедат еднакви услови за сите во иднина.
– Ставот на ЕУ е дека Србија треба јасно и гласно да донесе стратешка одлука – блиски односи со Москва и Пекинг што ги придружуваат критичките изјави кон ЕУ не се очекуваат од земја-кандидат – изјави таа.
Одлуката на Советот на ЕУ дека увозот на руски гас во земјите на Унијата треба да биде забранет од 1 јануари 2026 година, што се однесува и на транзитот на таа енергија преку ЕУ до трети земји, наведува Кос, не имплицира дека земјите-членки ќе го запрат трансферот до трети земји како Србија.
– Ова се лаги. Наместо тоа, ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ. Би ја повторила забелешката на Вучиќ на конференцијата со Фон дер Лајен, на која тој изјави дека тоа е стратешка цел на Србија, а вчерашната одлука е целосно во согласност со тоа. Сега е моментот властите да ја покажат посветеноста на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ – со зборови и дела – заклучи таа.
MИА
Ново на Сител
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
