Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок

Европската унија ќе се брани од секој облик на присила и ќе го штити меѓународниот поредок заснован на правила и меѓународното право, изјави денеска претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.
– Подготвени сме да се браниме себеси, нашите држави членки, нашите граѓани, нашите компании, од секој облик на присила. А Европската унија има моќ и алатки тоа да го стори, рече Кошта во говор во Европскиот парламент.
Тој додаде дека ЕУ „не може да прифати законот на најсилниот да преовладува над правата на најслабиот“.
– Бидејќи меѓународните правила не се изборни. А сојузите не можат само да се сведат на низа трансакции, додаде Кошта.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со воведување царини од 10 отсто од 1 февруари на стоки од Велика Британија, Норвешка и шест држави на ЕУ вклучени во арктичките воени вежби на Гренланд, кои би се применувале додека не се постигне договор за американско преземање на Гренланд.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Давос изјави дека европскиот одговор на царините ќе биде „непоколеблив, обединет и пропорционален“.
МИА
Ново на Сител
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
