Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање
Целосно се согласувам со премиерот Мицотакис дека за ефикасна европска одбрана потребни се заеднички капацитети, а за заеднички капацитети потребно е заедничко финансирање. ЕК направи многу важни чекори со САФЕ програмата, но треба да продолжиме по овој пат бидејќи треба да сториме повеќе и заедно, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата во Атина со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис и Кошта на заедничката прес-конференција се осврнаа на европската одбрана, на ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, на конкурентноста во Унијата, како и на мигрантскиот проблем
Претседателот на Европскиот совет ја истакна потребата од единство во Европа, ѝ честиташе на Грција „за она што го направи во последните десет години“, а процесот на закрепнување на економијата го карактеризираше како „импресивен“, но и нагласи дека сега приоритетите се конкурентноста и безбедноста.
За европската одбрана рече дека „не е само да се троши повеќе, туку да се троши подобро“, а за подобро трошење, „треба да се осигураме дека имаме не само интероперабилност, не само заедничка набавка, туку и финансирање на заеднички добра од заедничките фандови“.
– Пред четири години никој не зборуваше за одбрана на Европа, многу добро се сеќавам на првите денови по инвазијата во Украина, се сретнавме во Брисел и разговаравме дали би можеле да испратиме барем мала воена опрема во Украина, тоа беше пред три години. Сега ја поддржуваме Украина политички, економски, дипломатски и воено. И сега сите повторно зборуваат за одбраната на Европа, а она што го направивме во последните три години е многу импресивно, нагласи Кошта.
Грчкиот премиер на почетокот на прес-конференцијата изрази поддршката „за полските партнери, кои неодамна ја одбранија источната граница на Европската Унија од отворено нарушување на нивниот воздушен простор“ и истакна дека како членки на Европа „која не се предава на ревизионизмот, мораме и во пракса да покажеме дека не може да се толерира никакво кршење на нашиот суверенитет и на нашите суверени права“.
Се осврна и на заедничката одбрана, повторувајќи ја грчката поддршка, бидејќи, како што рече „верува во концептот на стратешка автономија на Унијата“.
– Што се однесува до учеството на трети земји во оваа нова одбранбена иницијатива на Европската Унија, нашиот став е јасен: дека во европската одбранбена архитектура не можат да учествуваат земјите кои им се закануваат дури и со војна на членките на Унијата. Верувам дека е во нивни раце изградбата добри односи со Европа, но за ова предулсов е почитување на нејзините принципи, истакна Мицотакис.
Во однос на миграцијата рече дека со Кошта разговарале за конкретното прашање „кое има последици за општеството, економијата и безбедноста на земјата, но и за цела Европа“ и посочи дека по долг период во изминатите 48 часа на Крит имаше поголем број пристигнувања.
– Ова уште еднаш ја потврдува потребата, драг Антонио, за уште покоординиран напор за заштита на надворешните граници на Европската Унија, за да можеме ефикасно да се бориме против мрежите на криумчарите, кои, за жал, го експлоатираат човечкото страдање. И мислам дека ќе се согласиме дека Европската Унија мора да им обезбеди секаква можна поддршка на државите на првата линија, порача Мицотакис.
Кошта истакна дека Грција е во многу важна геостратешка позиција и е мост помеѓу Европа и Блискиот Исток, а она што се случува на Блискиот Исток предизвикува тешкотии за Европа во однос на стабилноста и миграциските текови, а ние мора да се справиме со регионот.
Претседателот на Европскиот совет синоќа пристигна во Атина и имаше неформална вечера со грчкиот премиер, додека пак од Грција замина за Кипар, каде што ќе се сретне со кипарскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење