Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци

Косово денеска ќе избере нов парламент, втор пат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа, јавува ДПА.
Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот.
Оттогаш, новиот парламент остана заглавен, не можејќи да се договори за изборот на раководството и затоа не може да работи.
Курти управува со Косово од 2021 година со реформска агенда која досега имаше мешани резултати, пренесува германската агенција.
Меѓутоа, тој се надева на убедлива победа на овие избори како и во 2021 година, кога практично сам можеше да формира влада.
Доколку не успее, се поставува прашањето дали клучните политички играчи ќе бидат подготвени овој пат да направат компромис за да овозможат коалициска влада.
Гласачките места се отворија утринава во 7 часот наутро и ќе се затворат во 19 часот. Првите резултати се очекуваат вечерва.
Поранешната српска покраина, чие население е речиси исклучиво составено од Албанци, прогласи независност од Србија во 2008 година по востанието и интервенцијата на НАТО во 1999 година, потсетува германската агенција.
Косово е признаено од повеќе од 100 земји, но не од Русија, Србија, Грција или Шпанија. Се смета за потенцијален кандидат за пристапување во Европската Унија, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
