Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината.
-По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени, порача Костадиновски.
Тој нагласи дека изградбата на правна држава денес претставува чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената земја, како и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за наследниците во слободна, демократска и просперитетна држава.
-Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, нагласи претседателот на Уставен суд.
МИА
Ново на Сител
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“ во вредност од над еден милион денари
-

Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за Пошта
-

АВМУ за изјавата на Филипче: Aпсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика
-

Симеоне: Стигнавме до полуфиналето со добар став и верба во себе
-

Рафиња за реваншот против Атлетико: Тоа беше грабеж
-

Маѓар разговарал со Фон дер Лајен за деблокада на средствата од европските фондови за Унгарија
-

Македонска собраниска делегација ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
