Ковачевски: Диверзификацијата на изворите за снабдување со енергенси клучна за енергетската независност

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на предавањето на Колумбија Универзитетот во дискусија со студентите одговори на прашањето за инвестициите во енергетиката.
„Започнавме стратешки проекти во државата за градење фотоволтаици. Основен капацитетот кој што ни е потребен во државата е 1,5 гигавати основна енергија, во овој момент ни недостигаат 30%, тоа би било да речеме 500 гигавати. Тој простор сакаме да го пополниме со фотоволтаици и со ветерни турбини, правиме стратешки договори само со германски, американски и француски компании, и тие одат директно во Собранието поради стратешката ориентација на државата. Но, овие извори кои што ви ги спомнав нема да ја дадат основната енергија, тие обично доаѓаат од 24/7 извори и затоа дискутираме за ко-геративни електрани со гас кои што требат да се изградат на територијата на Северна Македонија и хидроелектрични централи кои што ќе се изградат токму со државите кои што ни се стратешки партнери”, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски додаде дека регионалната поврзаност е од голема важност при изградба на енергетските капацитети.
Кога градите основна енергетика не ја градите само за една земја, затоа што ние сме мали држави, тоа треба да бидат регионални проекти и затоа се здружуваме со Грција, со Албанија, со цел да ги изградиме овие основни постројки за енергетика од половина гигават.
Наскоро ќе видите ако ги следите политиките на Европа дека ќе најавуваме проект заедно со премиерот Мицотакис и Премиерот на Бугарија. Второ, во поглед на гасот, не сакаме да се потпираме само на рускиот гас, затоа веќе резервиравме капацитети во Александруполи во Грција каде што ќе има терминал за течен природен гас и ние како земја ќе имаме удел. Веќе започнавме со новиот гасовод кој што ќе оди од југ кон север, од Солун кон Северна Македонија, а веројатно ќе се поврзат и Косово, Србија, Романија, и тоа ќе не снабдува со течен природен гас.
Со овој интерконектор ќе може да се приклучиме на транс-атлантскиот гасовод и ќе добиваме гас од Азербејџан, затоа што нивниот гас е секогаш поевтин и секогаш е посигурен. Практично, ова е диверзификацијата на изворите во снабдувањето”, рече Ковачевски.
Прес-служба на Влада
Ново на Сител
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
-

Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
-

Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите
-

Реконструираната Општа болница во Струмица треба да биде пуштена во употреба од почетокот на септември
-

СПАК: Разбиена албанска меѓународна група која прошверцувала тони кокаин, парите вложувани во Албанија, запленет милионски имот
-

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП „Богородица“, 11 заплени на злато во 2026, девет кривични
-

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „Македонија забрзува, наша обврска“
