Ковачевски: И од 1 јануари нема да има ценовен шок за граѓаните во сметките за струја
– Владата во текот на целиот изминат период ја субвенционира цената на електричната енергија и со тоа не дозволивме да има ценовен шок за граѓаните. Така беше до сега, така ќе биде и од 1 јануари, но убаво е да се знае дека постои субвенција на цената на електрична енергија заради штедењето, бидејќи секој заштеден киловат од граѓаните, од стопанството и од институциите значи и помалку потрошени финансиски средства од страна на Буџетот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, не е пропаганда фактот што на сметката за потрошена електрична енергија стои дека државата субвенционира 73 отсто од неа, бидејќи таму стои колкава е субвенцијата од страна на Владата, а не субвенција од политички партии.
-Сметката ниту е пропаганда, ниту, пак, е флаер, туку е сметка за електрична енергија. Електричната енергија државата ја субвенционира за целиот регулиран пазар. Доколку се погледне цената на електричната енергија на берзите во моментов е сигурно 300 евра, а минатата недела беше 500 евра. Намалена е затоа што во Западна Европа се божиќните католички празници, но кога ќе завршат и кога индустријата ќе почне да работи со полн капацитет цената сигурно повторно ќе биде зголемена, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Како што појасни ЕСМ произведува електрична енергија која ја испорачува на ЕВН за да ја дистрибуира до купувачите, односно до регулираниот пазар составен од 600 илјади домаќинства и 70 илјади мали потрошувачи – мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 проценти од вработените во државата.
-ЕСМ испорачува енергија која е практично субвенционирана од страна на Владата. Таа субвенција се носи во Буџетот и и се префрла на ЕСМ за да набави енергенси и да произведе електрична енергија која потоа преку ЕВН се продава. Таа субвенција изнесува 73 проценти од цената на електрична енергија која граѓаните би ја платиле доколку не е субвенцијата од страна на државата до ЕСМ и преку ЕСМ до крајните потрошувачи кои добиваат електрична енергија, посочи Ковачевски.
Ново на Сител
-

Остри реакции на конгресмени на двете партии на враќањето на Хуанг во „Енвидија“
-

Лидерот на AfD бара депортација на 2,6 милиони луѓе од Германија – меѓу нив Украинци, Сиријци и Авганистанци
-

НБА: Победи за ЛА Лејкерс и Сан Антонио, пораз на Филаделфија
-

Лажел дека има леукемија и собрал речиси 190.000 евра донации – уапсен 20-годишник во Косово
-

Почна најголемото клиничко испитување за побрзо откривање рак на дојка со помош на вештачка интелигенција
-

Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје
-

Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени
-

Повеќе од 150 организации бараат од „Амазон“ и „Ибеј“ итно да ја запрат продажбата на играчки со ВИ
